Горан Илиќ

Д-р Горан Илиќ дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј “- Скопје. Следна диплома со која се здобива е Магистер по политички науки, а неколку години подоцна, докторирал на политички науки. Во моментов, д-р Горан Илиќ е декан на Правниот факултет при Универзитетот “Климент Охридски”- Битола. Исто така, тој е поранешен продекан на Правниот факултет и поранешен член на Сенатот на Универзитетот. Член е на Македонското научно друштво Битола и член на Советодавниот одбор на Studia Europejskie (European Studies), дел од Centre of Europe при University of Warsaw.