Димитар Ковачевски

Димитар Ковачевски, Магистер по економски науки, вонреден професор на Школата за бизнис менаџмент Универзитетот Американ колеџ во Скопје и раководител на одделот за маркетинг во истиот Универзитет. Завршил високо образование за дигитален маркетинг на Бизнис школата „Харвард“ и по успешно завршување на European Entrepreneurship Colloquium при Technical University Munich тој станува член на EFER EEC Alumni. За време на неговото 20 годишно професионално искуство, тој имал бројни раководни позиции. Тој беше извршен директор на one.Вип, член на Telekom Austria Group. Пред тоа работеше во Македонски Телеком, член на Групацијата Дојче Телеком и ги имаше позициите директор за продажба, маркетинг комуникации и директор за односи со јавноста, извршен директор за комуникации и други раководни позиции. Во периодот од 2008 до 2016 година беше член на Меѓународниот комитет за комуникации и
Меѓународен комитет за брендови на Дојче Телеком. Тој е ко-основач на PiKCELL Group Skopje и член на Управниот одбор на Институтот за истражување и развој PROTHINK, Скопје. Тој е тренер за развојни програми за мали и средни претпријатија и говорник на бројни академски и деловни настани.