Билјана Петровска Митревска

Билјана Петровска Митревска е проектен менаџер во Националната федерација на земјоделци. Таа е одговорна за истражување и развој на нови проекти за земјоделството, како и за управување со еден од најважните долгорочни проекти за институционален развој на организацијата во партнерство со шведската организација WE EFFECT, а поддржан од SIDA.